Јакуп Красниќи размислува за оставка!?

Како што пренесуваат косовските медиуми претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи размислува за можноста да поднесе оставка.

Красниќи неодамна ја напушти Демократската партија на Косово. Тој најави дека со поранешниот пратеник од оваа партија Фатмир Лимај ќе формираат нова партија.

Тој во изјава за радио Дукаѓини нагласи дека неговото дејствување ќе биде во согласност со интересите на Косово и оти во врска со тоа „најсериозно ја анализира ситуацијата околу неговата функција во Собранието на Косово“.

"Доколку поднесам оставка, подготвен сум функцијата, која ја извршувам да му припадне на најголемиот политички субјект во косовското Собрание. Не сакам мојата оставка да создава институционална криза, но тоа не зависи од мене, туку од политичките субјекти во косовскиот Парламент", додаде тој, нагласувајчи дека во моментот кога ќе премине во партијата, која ќе ја формира со Лимај, неговата оставка освен што ќе претставува морален чин, е предвидена и со Уставот, бидејќи претседателот на косовското Собрание треба да биде од редовите на најголемиот политички субјект во законодавното тело.

22.02.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа