Исланд се откажа од кандидатурата за ЕУ без да го праша народот

 

Исландската влада се откажа од планираното приклучување на државата кон ЕУ, без претходно, како што беше планирано, да распише референдум за истото.

Според истражувањата на јавното мислење, на евентуалниот референдум мнозинствто граѓани би се изјасниле против приклучување на земјата во Унијата.

Владејачката Партија на напредокот и нејзините коалициони партнери од Партијата на независноста, вчера постигнаа согласност за предлог закон со кој треба да биде повлечена кандидатурата на Исланд за приклучување кон ЕУ, поднесена во 2010 година. Министерот за надворешни работи Гунар Браги Свеинсон за исландското радио изјави дека тој лично ќе ја „турка напред“ промената на курсот.

22.02.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега