Ги донираат своите пениси за да влезат во историјата
Сигридур Хјартарсон, познат по својот прекар Сиги, е основач и кустос на исландскиот фалулошки музеј, чија животна цел била да ја комплетира најголемата колекција на пениси во светот.
Тој во 1997 основал музеј каде можат да се најдат секакви врсти на пениси, освен еден и најважен - човековиот.
Во 2007 година режисерите Зак Мет и Џон Бекор слушнале за проблемот на музејот на Сиги и одлучиле да направат документарец во кој ќе тргнат во потрага по најважниот примерок.
Трејлерот за филмот наречен "Последниот член", пред неколку дена е објавен на Јутјуб, а во него се зборува околу ривалите, Пала Арсон, исландски истражувач кој одлучил да го донира својот пенис по својата смрт, Том Мичел, Американец кој е заљубен во својот пенис и сака да го направи "бесмртен" и тоа би го направил веднаш.
Последниот кандидат во оваа "престижна" трка е Мет Бекхор, кој смета дека е интересно неговиот пенис да биде првиот "penis-celebrity".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа