Харпер: Обама ми должи две гајби пиво

 

Пред извесно врееме канадскиот премиер Стивен Харпер и американскиот претседател Барак Обама одржаа натпревар во хокеј каде канаѓаните излегоа како победници со 3:2.

Поради тоа Харпер го потсети Обама, дека се уште очекува од него две гајби пиво поради победите на канадските хокеј тимови во Сочи.

“Како што веќе реков, САД имаат добри тимови, но победивме ние. Со нетрпение ги очекувам двете гајби пиво”, напиша Харпер на Твитер.

Двајцата водачи се кладеа и минатата Олимпијада во Ванкувер. Тогаш Обама пак мораше да му испраќа пиво на Харпер.

22.02.2014 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега