Прв пат во Египет- жена избрана за лидер на партија
Активистката на Либералната партија Ад Дустур, Хала Шукр Ала беше избрана за нејзин претседател, изјави основачот на партијата и нејзин поранешен лидер, екс директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед ел Барадеј.
Вакво нешто се случува за прв пат во историјата на Египет.
-Членот на извршниот комитет на партијата Хала Шукр Ала е истакнат партиски член. За неа гласаа 107 членови од раководството на партијата, а „против“ се изјансија 57, објави Барадеј на Фејсбук.
Со одлука на партиското раководство Барадеј стана почесен претседател на партијата.
22.02.2014 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа