Што и подари Андријана Јаневска на Фифи ?
Уште на самиот почетокот на регионалното шоу Х-Фактор, нашата пејачка Андријана Јаневска изјави желба да им подари песни на нашите финалисти – Фифи и Даниел Кајмакоски, а деновиве го оствари ветувањето, пренесува Вечер.
Имено кружат гласини дека Фифи веќе извесен период е затворена во студиона Андријана, каде што работи како што велат на нешто невидено досега.
“Со задоволство можам да кажам дека песната која ја правиме со Андријана Јаневска е скоро готова. Се надевам дека ќе ви се допадне, бидејќи ќе биде нешто сосема поинакво од она што го имам работено досега. Ти благодарам Андријана, ти си една прекрасна личност“, напишала Фифи на профилот на Фејсбук, на што Андријана и одговорила: „Ќе имаш најоригинална песна на естрадата, тоа е сигурно. Плус во комбинација со тебе како оригинална личност, нема да има промашување. Имаш талент, желба, харизма, сè што е потребно за успех. Најискрено се надевам дека ќе имаш хит”, стои во коментарот на Андријана.
Се уште се држи во тајност насловот на овој сингл, а неговата промоција ќе се случи наскоро.
Фифи веќе идната недела во Белград има закажано промоција на спотот за песната „Намерно“, која доби и српска верзија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа