ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата на Жерновски воопшто не е независна

 

Денес очекувавме дека Андреј Жерновски ќе  свика прес конференција за да ги соопшти резултатите од ревизијата, но тој дури денес повторно, по којзнае, кој пат најавува дека ќе почне да спроведува ревизија.  

Андреј Жерновски очигледно во недостаток на идеја што да работи ќе го потроши целиот мандат  на ревизија. Само триесетина дена се доволни да се направи ревизија за околу 30 спомен обележја, кои единствено се во надлежност на општина Центар, а се дел од проектот Скопје 2014.

 Тоа значи дека досега требаше да ја има завршено ревизијата.

 Се прашуваме што ли само работеше цел месец досега Андреј Жерновски?

 Едвај чекаме и уште еднаш апелираме Андреј Жерновски да ја заврши ревизијата и да ги соопшти резултатите. Но треба да разбере дека не смее да потроши цел мандат само на најави за ревизија и на ревизии. Тој впрочем освен најавата дека ќе смени една склопка на бандера, не сработи ниту една друга работа.

 Комисијата која ја составил Жерновски ни најмалку не е независна. И Слаѓана Тасева и Драган Малиновски се избирани фунционери од страна на Собранието на РМ во време кога мнозинството го имаа СДСМ и ЛДП. Тие двајца, впрочем се и гласни поддржувачи на политиката на опозцијата и редовно учествуваат во активности организирани од т.н.невладини организации на СОРОС, а кои имаат за цел да ги оспоруваат политиките на актуелната Влада.

 Очигледна е вклученоста  а овие двајца во политичкиот живот во земјата. Имено Слаѓана Тасева се обиде, но не успеа,  да собере ниту 10 000 потписи за кандидатура за претседател на РМ,  иако со години извршува најразлични функции, благодарение на поддршката од партијата СДСМ.

 Ова  што денес Жерновски го прави е само начин како на Слаѓана Тасева и Драган Малиновски да им се исплати  хонорар за досегашните и идни услуги за плукањето на власта за наводна корупција, преку т.н. невладините организации кои ги преставуваат.

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ)

најчитано сега