ВИДЕО: Името Македонија непожелно во скопски Чаир
Името Македонија непожелно во скопски Чаир. Спортската сала која го носи името на државата а финансирана од Владата, деновиве беше мета на вандали. Тие со боја го премачкаа до целосна непрепознатливост називот на салата, пишува Сител
Ако се земе предвид дека вандалите качени на мини-кран “работеле“ среде бел ден на неколку десетици метри од општинската зграда,чудно е како од самата општина не го забележале актот.
Ова не е првпат македонските називи испишани кирилично на чаирските објекти да им пречат на дел од жителите на оваа општина.
21.02.2014 - 23:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа