Претставникот на Путин не го потпиша постигнатиот договор во Украина

 

 

Владимир Лукин, кој рускиот претседател го овласти да се вклучи во напорите за изнаоѓање на решение за кризата во Украина, не го потпиша договорот постигнат меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и опозициските лидери.

- Имаше неколку прашања на кои не добивме јасни одговори. Тоа се однесуваше на самите учесници на преговорите, кој и за што ќе биде одговорен. Ситуацијата многу брзо се менува, се појавуваат нови личности и многу е тешко да да се фиксираат договoрите, изјави Лукин.

Лукин, кој во меѓувреме се врати во Москва, процесот на преговори го оцени како позитивен. Тој најави дека преговорите ќе продолжат, додавајќи оти планира да ја продолжи мисијата.

Јанукович и лидерите на опозицијата денеска во присуство на европските посредници потпишаа договор за излез од политичката криза. Од страна на опозицијата документот е потпишан од Арсениј Јацењук, Олег Тјагнибок и Виталиј Кличко.

На потпишувањето на договорот присуствуваат министрите за надворешни работи на Полска и на Германија, Радослав Шикорски и Франк Валтер Штајнмаер, како и шефот за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи Ерик Фурние.

Договорот предвидува предвремени претседателски избори, формирање на коалициска влада и промена на уставот.

21.02.2014 - 18:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега