Ќе има ли војна помеѓу Кина и Јапонија?
Лондонските медиуми, повикувајќи се на изјавата на раководителот на разузнавачката агенција на американската пацифичка флота, Џејмс Фанел пишуваат дека Кина се подготвува за една кратка војна со Јапонија, во реонот на Јужното Кинеско Море.
На едно предавање во Сан Диего, Фанел рекол дека токму судирот со Јапонците се вежба на воените маневри на кинеската морнарица во Јужното Кинеско Море.
Во вежбите во кои се вклучени 40 илјади луѓе, а учествува и единстениот носач на авиони „Лиаонинг“ кинеската армија се обучува за операција во која ќе се нападнат и уништат јапонските поморски сили во ова море и ќе се освојат островите Сенкаку.
Овие пет ненаселени острови, сега се под јапонска контрола, но Кина тврди дека тие се дел од нејзината територија. Во операцијата што сега се вежба, би можеле да бидат опфатени и островите Риукиу, кој се под административна управа од островот Окинава.
Висок претставник на американската администрација,што весниците во Лондон не го идентификуваат, рекол дека САД се загрижени оф однесувањето на Кина во реонот на Јужното Кинеско Море и се оценува дека Пекинг настојува да обезбеди целосна контрола врз регионот и покрај противењето на кинеските соседи.
Јапонија од порано јавно предупреди на „кинеската закана“ нарекувајќи го однесувањето на Пекинг како „провокативно и опасно“. САД навестија дека ќе ја бранат Јапонија доколку за тоа се укаже потреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа