Тетовската полиција откри кој ги пустошел црквите

Седум лица, од кои три од Челопек и четири од Нераште, се осомничени дека кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, извршиле 16 тешки кражби во поширокиот брвенички регион, пред се во цркви, куќи и други објекти.

- Седумте осомничени извршители на овие кражби се идентификувани, повикани во СВР Тетово, разговарано е со нив и ќе бидат кривично пријавени додека најголемиот дел од одземеното веќе им е вратено на сопствениците, вели портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски.

Седуммината крадци се осомничени за кражбите во црквите во Волковија, Беловиште и Вратница, додека во финална фаза на расветлување е и неодамнешната кражба во црквата во Стенче. 

21.02.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега