Среќни коцки им донесе милион денари на тројца другари

Задоволството од играње  на друштевната игра јамб во облик на Интстант лотаријата Среќни коцки  донесе радост во пакет со фантастични 1 милион денари. Првиот милион во оваа инстант игра на среќа на Државна лотарија на Македонија е освоен на 15 февруари, 2014. Среќната грепка е купена во продажното место Бартон во Тетово. Она што е интересно е дека оваа добивка ја делат тројца другари кои воедно биле и колеги на работа.

 

 Тие се договориле, сите да купат инстант грепки, а во случај некому да му се падне нешто, добивката се дели на три дела. На радоста и немало крај, кога откриле дека добивката од Среќни коцки е точно 1 милион денари.

 

Само за потсетување, Државна лотарија на Македонија неодамна ја лансираше и оваа игра на среќа во Инстант лотариите, СРЕЌНИ КОЦКИ. Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, оваа игра им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можноста да освоите добивка која веднаш може да си ја однесете дома. 

 

Добитните комбинации во најновата игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ.  Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра ќе бидат особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра,Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки.

 

Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен.Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.

 

Кој гребе, тој добива!

 

21.02.2014 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа