Скопска матичарка овозможила бигамија

56 годишната матичарка М.Р. од Скопје, си заработи кривична пријава откако фалсификувајќи документи овозможила бигамија.

Според информациите од полицијата, скопјанката која била вработена како матичар во Месна канцеларија Шуто Оризари, во 2013 година со свој потпис одобрила “Записник за прием на пријава за стапување во брак“ помеѓу лицата А.М. од Скопје и А.Р. од Белград, иако за А.М. било наведено дека веќе е во брак со Х.А. од Митровица- Косово. М.Р. не го внела овој податок во службените книги за да потоа може барањето за стапување во брак да биде одбиено се додека не се достави доказ за престанок на претходниот брак.

М.Р. ги поднела изводите како уредни документи и на 13. окотомври 2010 година го склучила бракот помеѓу А.Р. и А.М. спротивно на законските прописи. Со ова, на А.М му овозможила „двобрачност“ а воедно на брачните другари им овозможила да се служат со фалсификуван извод со невистинита содржина и во правниот промет да ги остваруваат своите права што произлегуваат од бракот.

-На 01.08. минатата година до СВР Скопје ЕЕКК од страна на Министерството за правда –Управа за водење матични книги Скопје е доставено известување со сомнение дека службеното лице М.Р. склучила брак помеѓу горенаведените лица иако едно од лицата имало претходно склучено брак кој не е престанат ниту по еден законски основ, со што постапила спротивно законските прописи. Извршени се проверки во Министерство за правда –Управа за водење матични книги Скопје, од каде е обезбеден препис од матичната книга на родени каде бил заведен уписот на раѓање на Р.М. (кој подоцна со решение го сменил презимето во А.М.) при што во рубриката дополнителни забелешки и прибелешки имало ставена клаузула дека истиот склучил брак со Х.А. и го задржал своето презиме во МКВ Митровица, од што е констатирано дека бракот бил склучен во Митровица Косово, а не во Тетово, како што било наведено во дописот. Преку Секторот за меѓународна полициска соработка извршени се проверки во Косово во однос на склучениот брак помеѓу А.М. и Х.А. и од страна на ИЛО УНМИК е доставен одговор со кој е потврдено дека во матичната книга на венчани во Митровица е заведен брак помеѓу истите, соопштуваат од МВР:

 

 

21.02.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега