Вознемирувачко Видео: Нов пресврт во Украина - полицијата застанува од страна на демонстрантите?

Од една страна медиумите јавуваат дека конечно е постигнат договор во Украина, а од друга страна руските медиуми јавуваат за нови судири меѓу полицијата и демонстрантите на улиците во киев.

Како што јавува Гардијан, полицајци од Лвов дезертирале за да им се приклучат на демонстрантите.

Од друга страна, има информации дека демонстрантите отвориле оган врз полицијата, но не е прецизирано дали полицијата одговорила на нападот.

- Учесниците во масовните немири пукаа врз припадници на полицијата и се обидоа да се пробијат до зградата на Парламентот, соопшти полицијата.

Министерството за внатрешни работи соопшти и дека непознати лица ја опожариле канцеларијата на владејачката Партија на регионите во Днепропетровск.

Погледнете што се случува. Видеото е со вознемирувачка содржина!

21.02.2014 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа