Добиле казна затвор бидејќи украле две банани

Верувале или не, тројца мажи во Никарагва се изнесени на суд бидејќи сакале да украдат две банани.

Проценетата вредност на бананите е 32 американски центи. Судењето ќе чини најмалку 600 долари.

Како што соопштија обвинителите дека во прелиминарна постапка е дојдено до сознание дека тројцата мажи се обиделе да ги украдат банани од продавачот во декември.

Тие почнале да бегаат со украденото овошје, но се фатени. Двајца се затворени во локалниот затвор, а третиот се наоѓа во домашен притвор. Судењето треба да почне на 23 април.

21.02.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега