Трогателна приказна- по долгогодишна борба со неплодност родила близначиња па се самоубила

Клер Тарпин и нејзиниот сопруг Ендрју од Америка после долго време борба со неплодноста на Клер, биле пресреќни кога таа останала бремена, но што подоцна се случило никој не можел ни да претпостави.

Клер после долго време, преку инсеминација успеала да зачне и родила близначиња кои ги добиле имињата Џек и Елиза.  Породувањето не било воопшто лесно. Мајката била погодена од постпородилна депресија, која завршила трагично со нејзино самоубиство, кога бебињата наполниле само 3 месеци.

Таа го извршила самоубиството откако се качила на  врвот на повеќекатен паркинг и се фрлила оттаму.

 Првото бебе се родило сосема нормално, но при породувањето со второто, дошло до компликации и бил извршен царски рез. Клер изгубила многу крв.

 Од весела и самоуверена жена, таа станала несигурна и ирационално убедена дека не е доволно добра мајка.

“ Таа се бореше да верува во себе. И велев дека е стресно кога во семејството ќе дојдат нови членови, особено кога се работи за близначиња” - изјави Дона Сандерсон која и помагала да ја надмине постпородилната депресија.

Десет дена пред самоубиството Дона повторно ја посетила Клер. Дечињата блескале, а таа со ништо не навестила дека планира да си го одземе животот.

"Бев уништена кога слушнав што сторила. Беше прекрасна личност" - вели Дона.

Клер не можела да се соочи со очекувањата на околината да биде среќна со своите бебиња бидејќи однатре не чувствувала никаква среќа.

Била убедена дека не е доволно добра мајка и дека социјалните служби ќе и ги одземат децата. Кога нејзината мајка починала, ситуацијата и се влошила.

21.02.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега