Кристина не сака да и го изговори ниту името на Емина
Изгледа помеѓу судиите на музичкото шоу Икс-Фактор навистина владее голема нетрпеливост, а тоа се докажа и со Емина Јахович Сандал и Кристина Коцач во шестата лајв емисија.
Додека Кристина даваше коментари и критики за кандидатите на Емина, неа ја нарекуваше „менторка“.
-Кристина има право да не ми го спомнува името и да ме нарекува менторка, секој си се обраќа како што знае и умее, изјави Емина.
Кристина во текот на шестата лајв емисија ниту еднаш не го изговори името на својата колешка Емина.
21.02.2014 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа