Демонстранти во Киев ги ослободија полицајците заложници

Полицајците кои беа заложници на радикални лица кои учествуваа во протестите на плоштадот Независност денеска беа ослободени од група демонстранти во Киев.

Одлободувањето се случило по ангажман на опозициски парламентарци откако пристигнал автобус кој требало да ги пренесе, но тој бил опколен од стотина демонстранти од кои половина се спротиставувале на потегот за ослободување и предлагале полицајците да бидат разменети за приведени активисти за човекови права.

Пратениците и демонстранти направија „жив коридор“ низ кој беа изведени заложниците полицајци. Учесници во протестите успеаја вчера да го пробијат кордонот на полицијата на плоштадот и земаа за заложници меѓу 60 и 70 полицајци. Локални медиуми јавуваат дека голем дел од нив биле кадети од полициска академија и според очевидци биле на возраст меѓу 18 и 20 години. 

21.02.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега