Стартува изградбата на автопатот Скопје - Штип

Со поставување на камен-темелник на местото „Три чешми“, денеска ќе стартуваат градежните активности за изградба на нов автопат  Миладиновци - Штип. Автопатот ќе биде долг 47 километри, а широк 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување.

Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, што државата ги обезбеди со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.

Делницата ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, која лани во декември потпишан договор со македонската Влада. Компанијата која треба да го гради и  автопатот Кичево-Охрид, во должина од 56 километри, е обврзана да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.

Со изградбата на двете нови автопатски делници се очекува интензивирање на економскиот развој во сите региони од државата, развој на туризмот и намалување на времето за патување и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

21.02.2014 - 08:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега