Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани седници на комисите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за култура и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за предложените измени и дополнувања на законите за гранична контрола, за заштита и спасување, за класифицирани информации и за управување со кризи, за производство и промет на вооружување и воена опрема,  и за полиција, како и за  Предлог-законот за внатрешни работи, сите по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за транспорт и врски ќе расправаат по предлог измените и дополнувањата  на законите за заштита на природата, за животната средина, за поштенските услуги, за сигурност во железничкиот систем, за воздухопловство, за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка - второ читање. Пред таа Комисија се и предлог законите за изменување на законите за јавни патишта, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за комуналните дејности, за градење, за домување, за превоз во патниот сообраќај, за внатрешната пловидба и за железничкиот систем, сите по скратена постапка - второ читање.

На дневен ред на Комисијата за култура, пак, се предлог - законите за изменување и дополнување на законите за култура, за филмска дејност и за заштита на културното наследство, по скратена постапка - второ читање.

Точките од дневниот ред на комисиите за одбрана и безбедност и за транспорт, врски и екологија треба да бидат на расправа во Законодавно-правната комисија.

21.02.2014 - 08:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа