Стапува на сила Законот за стечајци

Од денеска почнува да се применува Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок со кој што практично се прошири периодот на опфат на невработените лицаа.

Лицата кои останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување.

Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со Законот да се опфатат околу 3.000 граѓани.

21.02.2014 - 08:19
Фото: 
zdravstvo24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега