Лидингтон го повика украинскиот амбасадор во Лондон на итен состанок во Форин Офисот

Украинскиот амбасадор во Лондон Володимир Хандогиј денеска беше итно повикан во Форин Офисот од страна на британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон за да му вложи усмен протест поради најновиот бран насилство во Украина.

Министерот Лидингтон ја изрази „исклучително големата загриженост“ на Владата на Велика Британија, поради денешните информации за новото насилство и за новите жртви стои во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Во текот на средбата, Лидингтон го осудил насилството и рекол дека сите операции против мирните демонстранти, собрани на плоштадот на Независноста во Киев, се целосно неприфатливи.

Денешниот британски протест до Украина доаѓа пред вонредната седница на Советот на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ, на којa ќе присуствува и британскиот шеф на дипломатијата Вилијам Хејг. Единствена точка на денешната седница е ситуацијата во Украина и како на тоа ќе треба да реагира ЕУ.

Иако власта и опозицијата синоќа се договорија за примирје во текот на денешниот ден, за одавање почит на досегашните жртви, но утринава избивна нов бран на крваво насилство во кое се вели дека има голем број човечки жртви.

 

 

20.02.2014 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега