Акција на Црвениот крст од Велес за борба протв срцевите заболувања

Општинската организација на Црвен крст од Велес под мотото „Пронајди го патот кон здравото срце“ од 21 до 28 февруари, ќе ја спроведе акцијата „Неделата за борба против срцеви заболува“, информира на денешната прес-конференција нејзиниот претседател д-р Милчо Трајков.

Трајков потенцира дека активностите ќе бидат насочени кон превенција на здравјето и кардиоваскуларните заболувања кои, подвлече, на некој начин се чума на 21 – от век.

- Акцијата има за цел превенција и намалување на штетноста од начинот на живеење. Во „Неделата за борба против срцевите заболувања која е прогласена од страна на Светската здравствена организација во Велес и Велешко ќе бидат организирани серија едукативни предавања.Ќе биде посетен гарнизонот на АРМ, организацијата на пензионери, како и уште две работни организации, рече Трајков.

Ќе се изврши посета и на селото Бузалково каде што ќе се одржи предавање за заштита од кардиоваскуларните заболувања.

Предвидено е да се организира голем хепенинг во центарот на градот од страна на клубот на младите на ОО на Црвен Крст каде ќе се делат совети и флаери.

Во насока на поголема информираност ќе се организираат и дебатни емисии насочени кон кардиоваскуларните заболувања.

Трајков потенцира дека 59 проценти луѓе во светот заболуваат од кардиоваскуларни заболувања додека од карцином заболуваат 16 проценти, а мортатилетот од кардиоваскулани заболувања е 56 проценти. Тој потенцираше дека 85 проценти од инвалидитетот на луѓето во светот отпаѓа на кардиоваскуланите заболувања. 

20.02.2014 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега