Хигиенските практики во угостителските објекти во 2013 биле на незадоволително ниво

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека направените анализи од спроведените хиенски рактики минатата година во угостителските објекти се покажале на незадоволително ниво. Поради ваквиот факт, од АХВ посочија дека ќе се работи на интезивно спроведување на обуки и семинари. 

Согласно акцискиот план за поинтезивно воведување ХАЦЦП во угостителските објекти годинава се планирани вкупно 24 вакви работилници од кои 12 во Скопје и уште толку во останатите поголеми градови низ државата. 

- Целта е да ги претставиме основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се применуваат во поголемите угостителски објекти што произведуваат и послужуваат храна, како и во помалите, каде што ХАЦЦП пофлексибилно се имплементира. Тоа подразбира дека помалите објекти треба да ги применуваат добрите хигиенски и производни пракси. Сакаме сите производители на храна во угостителските објекти овие добри практики да ги применуваат секојдневно со што потрошувачите ќе бидат сигурни во безбедноста на храната, рече прим. д-р Ленче Јовановска од АХВ.

Во Македонија се регистрирани 12.000 објекти кои се занимаваат со производство и продажба на храна од кои околу 4.000 се угостителски. На интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство се категоризирани по ризик сите овие објекти. Воедно е посочено каде треба да се применува ХАЦЦП во целост, а каде да се спроведуваат добрите производни или хигиенски практики.

20.02.2014 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа