Го врзале гувернерот за Столб и го терале да потпише оставка
Демонстрантите во градот Лутск на западот на Украина го врзале гувернерот за столб и го присилувале да потпише оставка.
Олександр Башкаленко бил именуван за регионален гувернер од претседателот Јанукович, а сега преживеал вистински хорор откако гневните демонстранти го извлекле од неговата канцеларија и со лисици го врзале за метален столб, присилувајќи го да си даде оставка.
"Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми, им рекол тој на демонстрантите кои цел час биле во зградата.
Инаку, протестите во Киев траат три месеци, а деновиве ситуацијата ескалираше. Од вчера до денс загинаа повеќе од 28 лица, а преку 500 побарале лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа