Поради безбедносни причини тројцата министри од ЕУ го напуштија Киев
Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и на Полска, Лоран Фабиус, Франк-Валтер Штајнмаер и Радослав Шикорски кои денеска требаше да одржат средба со украинскиот претседател Виктор Јанукович поради безбедносни причини го науштија Киев откако во центарот на престолнината повторно избувнаа крвави судири меѓу силите на редот и демонстрантите.
“Тие си заминаа, немаа средба со претседателот поради безбедносни причини”, изјави дипломатски извор за ИТАР ТАСС.
20.02.2014 - 10:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа