Емина Јаховиќ жали по малиот Чато
Во шестата лајв емисија на регионалниот X Фактор публиката даде најмалку гласови за малиот Харис Чато и Лукијан Иванович при што Емина Јаховиќ која е член на жирито имаше мошне тешка задача бидејки е менторка и на двајцата натпреварувачи.
По повторно гласање на публиката шоуто го напушти младиот Босанец Харис Чато.
Сите можеа да видат дека Емина ја помина најтешката вечер на X Фактор, а тажните емоции ги покажа и на својот Фејсбук профил.
Таа објави фотографија под која напиша „Носталгично утро“.
20.02.2014 - 09:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа