Македонија и Бугарија бараат поддршка од ЕК за инфраструктурни проекти

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Попоски и Кристијан Вигенин, до еврокомесарот за проширување Штефан Филеиспратија заедничко писмо во кое велат дека Република Бугарија и Република Македонија ќе ги интензивираат напорите за промовирање на добрососедските односи и соработка, вклучително и преку проекти и иницијативи кои би можеле да имаат практична вредност не само за двете земји, туку и за целиот регион. 

- Двете страни високо ги ценат можностите кои  ги дава ЕК за зајакнување на партнерството преку програмите за територијална соработка, насочени кон посилен и одржлив економски и социјален развој на регионите, на тој начин стимулирајќи го нивниот потенцијал, се наведува во писмото.

Попоски и Вигенин додаваат и дека треба да биде дадено приоритетно значење на постоечките проекти, кои се насочени кон развој на патната и железничка инфраструктура, со посебно внимание на Коридорот 8.

19.02.2014 - 10:18
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега