Време: Пролет!

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Локални врнежи од дожд и постепено опаѓање на дневната температура се очекуваат од петок. 

19.02.2014 - 08:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега