Во знак на протест блокиран романско-украинскиот граничен премин

Во знак на протест поради ограничувањата од романската Национална агенција за даночна администрација за производи купени во соседната земја околу 300 локални жители денеска го блокираа  романскиот премин Вама Сирет на границата со Украина.

Согласно новите ограничувања Романците можат да купуваат производи до 300 евра и не можат да ја преминуваат границата секој ден, туку само еднаш неделно.

Романците со околу сто автомобили го блокираа граничниот премин поради што влезот и излезот од Романија се одвива отежнато.

Ограничувањето е воведено од даночната служба минатата недела. Тоа е прв обид за воведување на рестрикции поради што Романците одговорија со протести.

18.02.2014 - 18:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега