Мицкоски: Луѓе блиски на ДУИ изнакупија ниви на трасата на автопатот Скопје - Блаце за да бидат натплатени најмалку 10 пати од реалната цена
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатската делница Скопје - Блаце не доцни, туку во тек е тендерската документација. Вели дека во интерес на државата е да се направи оваа делница зашто многу повеќе луѓе од Косово доаѓаат тука отколку обратно.
Сепак вели, интересот на претходната Влада бил луѓе блиски до ДУИ да изнакупат ниви кои се наоѓаат на самата траса за потоа да можат да заработат
-Проектот Скопје - Блаце е проект којшто ДУИ го ветуваше неколку децении и од ветувањето останаа само нивите коишто ги купија на трасата, луѓе блиски до ДУИ, коишто во услови на експропријација треба да бидат натплатени најмалку 10 пати од реалната цена. И сега ние што правиме? Се трудиме да направиме техничко решение коешто конечно на граѓаните ќе им го овозможиме тоа бидејќи нас ни одговара како држава. Бидејќи, трипати повеќе граѓани на Косово влагаат во Македонија, отколку граѓани од Македонија коишто влегуваат во Косово. Во наш интерес е да го направиме и ценам дека ако се направи овој пат, уште повеќе, можеби пет пати повеќе ќе доаѓаат тука. Можеби дел од нив транзитираат, одат кон нашиот јужен сосед, но дел остануваат тука, трошат пари итн. Во наш интерес е што побргу е тоа да се случи, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа