Ердоган: Новиот закон за Интернет не предвидува наметнување цензура

Aктуелниот турски премиер Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека новиот закон, што ја засилува контролата врз Интернетот,има за цел луѓето да ги заштитува од уцени.

Ердоган нагласи дека законот не предвидува наметнување цензура, туку претставува мерка против уцените, аморалните дејствија, како и против заканите за репутацијата на луѓето.

Пред две недели турскиот Парламент го одобри законот што ја засилува контролата врз Интернет.

Турскиот претседател Абдула Ѓул во следните денови треба да одлучи дали да ги одобри спорните промени или ќе стави вето.

18.02.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега