Власта и опозицијата се договориле - Собранието се распушта на 3 март?

Власта и опозицијата се договориле заеднички да гласаат за распуштање на Собранието на 3 март и одржување на предвремени парламентарни избори заедно со вториот круг од претседателските избори на 27 април, јави поратлот Локално, повикувајќи се на неименувани извори. 
Press24 ја поровери оваа информација во двете најголеми политчки партии.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не можат да потврдат таква информација. Висок партиски функционер за Press24 вели дека не знае за таков договор.
Истиот одговор го добивме и во СДСМ. Портпаролот Шилегов за Press24 вели дека станува збор за чиста шпекулација и дека и тој не може да ја потврди оваа инфорамција.

18.02.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега