Министерот Попоски на состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ

Делегација предводена од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Букурешт учествуваше на втората неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. 

Министерот Попоски во својот говор ги презентирал заложбите на Македонија за продлабочена регионална соработка. Се осврнал на два аспекти во овој контекст, во рамки на заложбата за интеграција на земјите од регионот во ЕУ, беа нотирани успеси изминатата година со приемот на Хрватска, статусот на Црна Гора и Србија со ЕУ, ветувачкиот напредок за Молдавија како и дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

- Во оваа насока позитивниот тренд треба и понатаму да продолжи, истакнал Попоски.

Тој потсети на Стратегијата 2020 усвоена во Охрид за време на нашето претседавање со ПСЈИЕ и силните заложби на Македонија во таа насока.

- Конечната цел е интеграција на целиот регион заеднички во евро-атлантските структури, потенцирал Попоски.

Според него, визијата од македонското претседавање со ПСЈИЕ веќе се оставрува: Охридската декларација и работната ад- хок група се во функција на евроинтегрирање и економски раст во регионот. ЕУ фондовите ни се најпотребни за инфраструктура меѓу членки и кандидати. Тоа е практично интегрирање.

18.02.2014 - 14:54
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега