Затворена нелегална обложувалница во Тетово
Управата за јавни приходи врз основа на претходни пријави за нелегално приредување игри на среќа и малверзации кај познати обложувалници во Тетово, во попладневните часови почна засилени контроли на нивното работење.
Поради нелиценцирано приредување игри на среќа затворена е нелегална обложувалница, од која е одземен целокупниот инвентар и опрема.
Поради финанскиски малверзации, нерегистрирање на прометот во готово и приредување недозволени игри на среќа, пет обложувалници добија времена мерка затворање и парична глоба која се движи до 6.000 евра, во зависност од прекршокот.
Активностите на полицијата ќе продолжат и понатаму.