Запленети фалсификувани текстилни производи од бутици во Тетово
Полициската станица во Тетово и Државниот пазарен инспекторат одземале 133 парчиња текстилна стока и обувки во вкупна вредноста од над 150 илјади денари од пет бутици во Тетово.
Контролите на бутиците што се наоѓале на различни места во центарот на Тетово биле спроведени за утврдување на повреда на правото на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.
Против сопствениците на бутиците ќе следуваат соодветни пријави.