Тука проверете дали Вашето име го има на Избирачкиот список

 

Еден милион 787 илјади и 350 граѓани се запишани во Избирачкиот список, a од нив 68 илјади и 704 лица се водат како иселени.  Јавниот увид во Избирачкиот список за априлскиот избор на шеф на државата започнува денеска и ќе трае дваесет дена.

Во периодот до 7 март граѓаните во подрачните единици и канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК) или преку веб-страната на Комисијата ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список. 

Првпат оваа година и дијаспората ќе гласа за претседател на државата. Според Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за претседател на Република Македоија, денеска треба да започне и јавниот увид во посебните изводи на Избирачкиот список во Дипломатско-конзулартните претставништва на Македонија за лицата на привремена работа или престој во странство. 

До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта преку ДКП-та или до ДИК да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список. На 1 февруари, пак, започна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе можат да поднесат пријава за гласање за претседателските избори.

Избирачкиот список е доставен до ДИК од страна на Државниот завод за статистика на 2 февруари оваа година и е резултат на прво законско редовно ажурирање на податоците добиени од страна на Министерство за внатрешни работи во февруари 2014 година и содржи податоци за граѓаните со состојба заклучно со 1 февруари оваа година.

Денеска започнува и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи кое ќе трае до 2 март. Претседателот на ДИК Никола Рилкоски минатата недела најави зголемување на бројот на местата каде што независните кандидати ќе може да ги собираат потписите од 34 на 80-тина

Дали Вашето име е на избирачкиот список, проверете тука

16.02.2014 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега