Ќерката на Мишо Ковач: Татко ми ме извлече од канџите на дрогата

Ќерката на хрватската легенда Мишо Ковач си ја отвара душата и раскажува дека нејзиниот татко ја спасил од канџите на дрогата. 33-годишната Ивана Ковач, за Јутарни лист ја раскажува својата потресна животна приказна.

Таа објаснува дека почнала да користи наркотици од 1999 година и дека животот и станал пекол. Посегнала по дрогата кога татко и се обидел да изврши самоубиство.

Пејачот ја однел ќерката во болница, а потоа ја натерал да отиде во комуна во Чиово, каде поминала две години.

- Се извлеков, но не беше воопшто лесо. Можам да речам дека за мене пресуден беше стравот од враќањето во комуната кој ме освести“, кажала Ивана.

Таа додава и дека нејзиниот татко постојано ѕвонел и се распрашувал за неа, со оглед на тоа дека во тие две години се видела само неколку пати со родителите, бидејќи посетите биле забранети.

Инаку, Ивана е позната пејачка во Хрватска, едно време беше и дел од популарниот  „Магазин“.

16.02.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега