Пукале кон бендот Амадеус во центарот на Белград!

Како што пишува српскиот портал Курир, синоќа кон клавијатуристот на бендот Амадеус , Бојан Станимировиќ, било пукано  и тоа во центарот на Белград.

Непознат сторител пукал кон неговото возило, но ги погодил гумите, а за среќа, Бојан не бил повреден за време на инцидентот.

„Сакаме да веруваме дека ова е случајност. Од друга страна, ништо не може да не заплаши и ако некој мисли дека “Амадеус“ ќе исчезне ако му се заканат на композиторот на песната “Моја земја“, многу се лаже“, вели фронтмен на групата Аца Станимирович.

 

Бендот веднаш го пријавил случајот во полиција, а полицијата трага по напаѓачот.

16.02.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега