Судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Турција

Турскиот весник „Заман“ oбјави дека  меѓу курдски демонстранти и полицијата избувнле судири  синоќа во градот Бурса, во Северозападна Турција.

Протестите биле организирани по повод 15. годишнината од апсењето на курдскиот лидер Абдула Оџалан.

Дел од демонстрантите во Бурса почнале да фрлаат со камења, оштетувајќи возила и куќи, а по интервенција на полицијата почнале да фрлаат со камења и врз силите на редот. Полицијата успеала да ги растера демонстрантите.

Нема информации за повредени во протестите.

Илјадници демонстранти вчера излегоа на протести низ повеќе градови во Југоисточна Турција по повод 15. годишнината од апсењето на нивниот лидер Абдула Оџалан. Демонстрантите бараа ослободување на лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна казна затвор

16.02.2014 - 12:06
Фото: 
16.02.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа