Украинските демонстранти ја ослободија зградата на Градското собрание во Киев

 

Украинската опозиција го напушти градското собрание во Киев.

Опозицијата уште вчера најави дека ќе ја напушти зградата, која ја држеше окупирана повеќе од два месеци. Ваквата одлука доаѓа по одлуката на властите да ги ослободат од притвор приведените за време на протестите.

Прв во зградата на Градското собрание во Киев влезе амбасадорот на Швајцарија во Украина.

За потсетување, протестите во Киев беснееја од декември и земаа голем број на жртви.

16.02.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега