Ужас: Ја давел ќерка си за да ја истражи клиничката смрт кај децата
Познат педијатар од Америка е осуден на повеќе од 10 години затвор бидејќи ја давел својата ќерка за неговите истражувања.
Се работи за Мелвин Морс кој на светот му е познат по истражувањата за паранормалните активности. Монструмот кој тврди дека е невин, не покажал никаква реакција за време на читањето на пресудата. Тој се товари дека ја давел ќерка си за да ја испита клиничката смрт кај децата.
Кога неговата ќерка имала 12 години, тој ја давел во водаи со години ја малтретирал, додека мајката беспомошно молчела бидејќи и таа добивала закани од него.
Истражувачките методи со потопување се користеле порано во САД врз осомничените терористи со цел да стимулираат давење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа