Камерата виновна за повредата на Шумахер? - нови детали за несреќата
Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, веќе 50
дена се наоѓа во вештачка кома, по страотната несреќа за време на скијањето на француските Алпи.
Лекарите и понатаму се 24 часа со легендарниот возач и прават се за да му се подобри состојбата, а со него постојано се и членовите на неговото семејство и неговите пријатели кои редовно доаѓаат да го посетат.
Полицијата и понатаму ја продолжува истрагата и открива детали за несреќата која го потресе светот. Според последните информации, фотоапаратот кој бил прикачен на кацигата на Шумахер, ја оштетил истата, при што дошло до нејзиното пукање, откако тој ја удрил главата. Моментално се прават нови анализи за да се види дали камерата е виновна за тешките повреди со кои се здоби Шумахер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа