Само најдобрите ќе влезат во администрацијата
Заменик-министерка за информатичко општество и администрација, Марта Томовска, во интервју за порталот Курир, вели дека само најдобрите ќе влезат во администрацијата и дека квалитетот е единствениот критериум.
- Последните дваесетина години од осамостојувањето на Македонија па до денес, македонската јавна администрација само се прилагодуваше на промените кои беа условени од транзицијата со некакви козметички зафати, се правеа некои поситни корекции во насока на нејзино подобро функционирање. Меѓутоа со оглед на тоа дека оваа Влада постави некои стандарди на реформи и темпо на работа кое што е многу брзо, во кое работите се врашт суштински, се прават длабоки резови во секоја сфера од општеството, дојде време за малку посериозна реформа на јавната администрација. Очекуваме крајниот ефект од оваа реформа да бидат услуги кои граѓаните ќе ги добиваат многу слично како кај приватниот сектор, кои што ќе бидат многу достапни, ефикасни, за кратко време ќе можат да си ја работата, без притоа да чекаат на шалтери, да се создаваат редици, да се среќаваат со нељубезна администрација која нема да им посвети доволно внимание на нивниот предмет. Граѓаните ќе бидат позадоволни од јавната администрација, а јавната администрација пак, сама ќе и помогне на државата да си ги реализира своите политики и на таков начин да стане поконкурентна на пaзарот, вели Томовска.
Заменик-министерката додава и дека новото решение за оценување на ефикасноста на административците, како впрочем и сите решенија во овие два закони се резултат на сериозна анализа, проучување на добрите практики и примени од модерните европски земји па и пошироко. Оценувањето е само последната фаза од постапката на следење на учинокот. Секој вработен во текот на целата година ќе биде подложен на сериозно следење на неговата работа од страна на неговиот претпоставен. На пола година се прави полугодишно интервју, каде во разговор се оценува дали вработениот ефективно и навремено ги исполнил поставените задачи и доколку тоа не е случај му се дава можност да се поправи. Тоа се вика постапка за слаб учинок и се доделуваат обуки дополнителни и менторство, се со цел да му се помогне на вработениот, да се сослушаат околностите заради кои тој не можел да го испорача посакуваниот резултат. Од кога тоа ќе се направи, на крајот од годината се врши оценување кое е по метод на 360 степени, што значи дека се оценува работата на вработениот од сите четири страни- од страна на претпоставениот, од страна на вработениот кој што е во хиерархијата подолу, од страна на колегите кои се на исто ниво и од страна на странките, или колеги од други институции со кои тесно соработуваат. Идејата е да се добие целосна слика за вработениот.
За Курир, министерката изјавува дека најдобрите ќе бидат наградени, а оние кои покажале незадоволителни резултати ќе бидат санкционирани.
На прашањето дали со регистарот на вработените во јавниот сектор ќе се добие прецизна евиденција за бројноста на администрацијата, таа одговара: - Не само со Регистарот, туку и со каталогот со сите оние елементи кои што се во Законот за вработени во јавен сектор, ќе се направи една предвидливост во администрацијата, предвидливост на работните места и на условите за работно место.
Ќе се обезбеди и да нема веќе огласи за вработување по мерка на кандидатот, туку ќе бидат правилата, условите за вработување точно пропишани за секое работно место и кога ќе се објави оглас ќе има шифра на тоа работно место, која ќе биде составена од 10 бројки и по таа шифра ќе може да се види каде е работното место, во која институција е, кои се условите за тоа работно место, што се очекувањата од вработениот кој што ќе треба да ги исполни за да може соодветно да ја врши работата на тоа работно место. Се прави еден ред. Во однос на бројката, ќе се направи Регистар на цела јавна администрација и буквално сите вработени во администрацијата ќе влезат во тој Регистар. Конечно ќе ја имаме бројката на јавната администрација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа