Пукано кон познат српски бенд среде центарот на Белград

Српскиот бенд Амадеус бенд преживеал кошмар откако засега непознат напаѓач пукал кон еден од членовите.

Според податоците на српскиот портал Курир, кон клавијатуристот на бендот, Бојан Станимировиќ, било пукано среде Белград. Непознат сторител пукал кон неговото возило, но ги погодил гумите, а за среќа, Бојан не бил повреден за време на инцидентот.

Засега не се знае кој пукал кон возилото на клавијатуристот на бендот. Бендот веднаш го пријавил случајот во полиција, а полицијата трага по напаѓачот.

16.02.2014 - 10:21
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа