Оскар Писториус: Нема зборови со кои би можел да опишам колку ми е жал што си ја убив девојката!
27- годишниот параолимпиец Оскар Писториус напишал емотивно писмо за Денот на вљубените до својата покојна девојка која тој ја уби пред една година.
-Нема зборови со кои можам да опишам како се чувствувам поради ужасната несреќа со која им предизвикав болка на сите кои ја сакаа и се уште ја сакаат Реви. Болката и тагата, особено поради родителите на Реви, сосема ме обземаа. Тоа што ја изгубив Реви и траумата која ја доживеав тој ден ќе ме прати цел живот, напишал на својот Твитер профил
По ужасното убиство ова е првпат Оксар да прозборе за кобниот 12 февруари.
Да ве потсетиме, 27- годишниот параолимпиец ја уби својата долгогодишна девојка миселјќи дека е натрапник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа