Најглупавиот крадец на сите времиња: На главата ставил саксија и влегол да ограбува бензинска

 

Тинејџер од Австралија направи глупава кражба која долго ќе се памети.

Како што пренесуваат светските медиуми, Стивен Френк Трил е уапсен откако во пијана состојба извел грабеж на бензинска пумпа. За време на грабежот тинејџерот кој бил мртов пијан како маска за да се заштити користел саксија, а на вработените им се заканувал со моторна пила.Потоа, им го покажал и задникот, па тргнал по нив со пилата, при што тие избегале во друга просторија и го пријавиле случајот во полиција.

Крадецот избегал но неколку часа подоцна бил фатен од страна на полицијата и приведен, а сега се соочува со многу обвивенија.

 

 

15.02.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега