Изневерена девојка си отсекла дел од кожата и по пошта му ја пратила на поранешното момче
26- годишната Торз Рејнолдс од Лондон буквално си одрала дел од својата кожа на која имала тетоважа посветена на момчето со кое била повеќе од две години.
24 - годишниот Стјуарт Чопер и кажал дека сели во Аљаска поради работа, а таа дури и го испратила до аеродромот. Но по една недела Торз дознала дека ја изневерувал веќе подолгоо време и дека не заминал за да работи, туку си се преселил кај новата девојка.
Бесната 26- годишна девојка со скалпел си ја отсекла кожата на која пишувало “Chopper’s Bitch” и парчето го ставила во тегла која што му ја испратила преку пошта на новата адреса.
Го спакував тој дел од кожата за да изгледа како вистински подарок. Дури пишував на друг начин за да не се сети дека тоа сум јас. Не можам да ја замислам неговата реакција. Би сакала да сум таму и да го видам тоа – изјавила гневната Торз.
Навистина, сешто има по светот!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа