ФОТО: Ова е најдобрата фотографија за 2013 година
За време на 57-то годишно натпреварување за „Ворлд прес фото“ (World press photo), победи прекрасната фотографија на африканскиот фотограф Џон Стенмајер.
На фотографијата која го освои светот, се прикажуваат африкански имигранти на брегот на Џибути во текот на ноќта кои држат подигнати телефони за да се обидат да фатат бесплатен сигнал од Сомалија, за да се слушнат со своите роднини.
Како што јави МИА, жирито додели награди во девет тематски целини кои ги примија 53 новинари од Австралија, Аргентина, Азербејџан, Бангладеш, Бугарија, Кина, Чешка, Ел Салвадор, Финска, Франција, Германија, Иран, Италија, Јордан, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Полска, Русија, Србија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа