Јанакиевски на отворањето на канализацискиот систем во Прдејци
Првиот човек за транспорт и врски Миле Јанакиевски денекса ја посети Гевгелија каде беше пуштен во употреба канализацискиот систем во Прдејци. Јанакиевски беше придружуван од страна на градоначалникот Иван Франгов.
Јанакиевски се појави и на поставувањето на камен-темелникот на новиот канализациски систем во Мрзенци, а воедно направи и обиколка на градежните активности на локалниот пат Негорци-Серменин.
- Добро е тоа што се повеќе населени места добиваат канализациски системи со што се подобрува квалитетот на живеење, а во Мрзенци тоа беше главно барање на жителите кое им се ветуваше 20 години. Проектите се реализираат во соработка на локалната власт и Владата, изјави Јанакиески, додавајќи дека проектот во Мрзенци треба да заврши до март годинава.
Министерот објасни дека овие и вакви слични проекти се прават во соработка со Европската инвестициска банка, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Истите и се најавени во дел од програмата на градоначалникот а за нивно остварување ќе бидат обезбедени околу еден милион евра.
Градоначалникот Франгов рече дека со изградбата на канализацискиот систем во Мрзенци се прави значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура во ова населено место.
- Со вклучувањето на проектот во програмата на Министерството за транспорт и врски, како и одобрените 16,7 милиони денари од Европската инвестициска банка, се создадоа неопходните услови овој проект да стане реалност, а граѓаните на Мрзенци да го решат долгогодишниот проблем и да ги добијат сите карактеристики на урбана средина, оцени Франгов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа